Информациите во медиумите за покачување на цената на струјата се само новинарски шпекулации, изјави денеска во Охрид директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.
– Ние како компанија која се занимава со производство на електрична енергија имаме законска обврска до крајот на овој месец да ги доставиме до Регулаторната комисија нашите калкулации со трошоците за изминатата година и предвидувањата за идната година. Тоа ќе го направиме до 31 октомври, така што Регулаторната комисија тие податоци ќе ги разгледа и врз основа на нив ќе утврди дали ќе има корекција на цената, не зборувам за покачување ниту за намалување туку за корекција на цената, врз основа на реално постигнатите трошоци.-рече Чингоски.
На собирот во Охрид на кој учествуваат 400 претставници од 12 држави од регионот и Европа ќе бидат претставени рекордни 130 научни трудови од сите четири области на енергетиката – базна енергитика, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и менаџментот во енергетиката, опфаќајќи ја целокупната енергетска состојба во Република Македонија.












