Добро усогласена комбинација на сите извори на енергија, е најдоброто решение за долгорочна  стабилност и економски прифатлива цена на електричната енергија во Република Македонија, изјави вчера во Охрид  директорот на Елекетрани на Македонија (ЕЛЕМ) Влатко Чингоски.

Според него добро е што Македонија размислува да учествува во изградбата на нуклеарната централа во Белене, Бугарија, но во исто време треба да се размислува за изградба на домашни енергетски капацитети.

Чингоки најави дека Македонија во иднина многу повеќе ќе ги користи и водните ресурси, како што е реката Вардар на која е планирано да се изградат 12 хидроцентрали. Нивната изградба е планирана во наредните 12 години. Хидроцентрлите на Вардар ќе се градат етапно, една хидровентрала ќе гради друга,  рече Чингоски

Чингоски во Охрид учествуваше на симпозиумот на енергетичарите на Македонија на кој се расправа за актуелните состојби во енергетиката.

Ohridnews