Дебитантот Вардар Осигурување стигна од десеттата победа во исто толку одиграни натпревари во Првата македонска кошаркарска лига.

Вардарци по дополнителните пет минути славеа како гости во дуелот со Торус. Кошаркарите на Овче Поле стигнаа до важна победа во директниот дуел со конкурентот за избегнување на последното место на табелата, Вардар 2000.

Уште еден висок пораз на МЗТ Скопје кој за тимот од Аеродром значи оддалечување од шестото место на табелата кое води во Супер лигата.

Резултати: МЗТ Скопје – Фени Индустри 66:113, Торус – Вардар Осигурување 84:88 (по продолжение) и Вардар 2000 – Овче Поле 74:82.

Денес во Битола од 18 часот и 30 минути играат Пелистер и Плејмејкер Кубус.

Слободна во ова коло беше екипата на Работнички.

Табела: Вардар Осигурување 20 бодови (10 одиграни натпревари), Фени Индустри 18 (10), Пелистер 14 (9), Овче Поле 13 (10), Работнички 12 (8), Торус 12 (8), Плејмејкер 12 (9), МЗТ Скопје 12 (10) и Вардар 2000 10 (8)

ohridnews