Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на реката Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото.
Се расчистува потегот од пресекот со ул.„Живко Чинго” до пресекот со ул.„Железничка”.
Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридско Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани, велат од претпријатието.
OhridNews














