Улиците се чистат според приоритет. На поголемиот дел од нив се интервенирало по неколку пати и сите се посипени со песок и сол.
Снегот со лопати и машини се отсртанува и од пешачките патеки и тротоари.
Од регионалната дирекција за управување со кризи информираат дека снежната покривка во Охрид е висока 20 сантиметри и дека сообраќајот во Охрид и околината се одвива во изразито тешки зимски услови. Патиштата во околината постојано се чистат, иако тоа е отежнато поради интензивните врнежи. Од страна на Македонија пат се чисти и патниот правец кон Свети Наум, но сообраќајот се одвива отежнато.
Се советува особено внимателно возење.