Владата на Република Македонија на седница оджана во очи Денот на независноста разрешила десетина  директори на влијателни државни претпријатија и установи Де од нив се распределени на други функции, а некои ќе си одат од власта.

Од поистакнатите имиња, разрешенi се Илчо Захариев од Бирото за лекови и Ванчо Шехтански од Управата за конфискација. Шехтански во иднина ќе раководи со државниот инспекторат за локална самоуправа. Тој доаѓа на местото на поранешниот градоначалник на Струга, Ромео Деребан, кој според најавите во иднина ќе добие друга функција.

На седницата продолжен му бил мандатот на директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман.

Повеќе детали за директорските смени се најавени на прес конференцијата закажана за утре.

OhridNews