Македонскиот вицепрвак Вардар по завршување на сезоната ќе направи рез во своите редови и ќе се ослободи од неколку ракометари.
Први на списокот кои заминуваат од „Јане Сандаски“ се Михаил Чипурин, Алексеј Растворцев, Добривоје Марковиќ и репрезентативецот Немања Прибак.
Нови имиња во составот на Вардар ќе бидат екс ракометарите на Металург, Дејан Манасков и Мијајло Марсениќ кои „црвено црната“ фамилија ќе ја засилат од следната сезона.
Манасков и Марсениќ веднаш можат да го засилат Вардар, но поради настапот за Металург во Лигата на шампиони немаат право истото да го сторат за новиот клуб.
Ohridnews