Шампионската титула на Лестер не е единствено пријатно изненадување во овогодинешнава сезона во Премиер лигата. Можеби не рамо до рамо, но сигурно на втора позиција е тинејџерот Маркус Рашфорд кој за кратко време стана херој на Олд Трафорд.


Токму неговиот развој и учинок во првите мечеви во сениорскиот состав на Манчестер Јунајтед е инспирација за младиот напаѓач од Манчестер Сити, Келечи Ихеначо.

– Споредбата со Рашфорд многу ми значи бидејќи сакам предизвици, така добивам мотивација и голема самодоверба. Се надевам дека и двајцата ќе продолжиме во ист ритам и дека ќе бидеме гордоста на Манчестер. – рече членот на „граѓаните“.


Рашфорд во десет настапи сезонава во Премиер лига има постигнато четири погодоци додека Ихеначо седум во 25 одиграни натпревари.

OhridNews