Хотелиери и ресторатери од земјите членки на Европската медитеранска ресторанска федерација, ги разгледуваат можностите за инвестиции во земјава. За таа цел, со посредство на македонската амбасада во Египет, тие ќе остварат повеќе средби со релевантни државни институции.

Претставници на земјите членки на Европската медитеранска ресторанска федерација, деновиве престојуваат во х. „Дончо“ во Охрид, каде се одржува годишно собрание на оваа туристичка асоцијација.

„Дел од присутните се потенцијални инвеститори заинтересирани за секторот туризам и угостителство во Македонија. Добивме огромна подршка од нашиот Амбасадор во Египет, Манолев, а договорени се и неколку средби во Скопје со претставници на институциите. Гостите се запознаа со Охрид и општината Вевчани, а по завршување на собранието ќе ја посетат и Битола“ – информираше Дончо Танески, претседател на Балканската асоцијација на хотелиери – БАХА.

Оваа асоцијација, чие седиште е во Охрид, во иднина ќе претседава со Европската медитеранска ресторанска федерација. Поради презафатеност на претседателот Танески, претседавачката функција ќе ја преземе членот на БАХА Марко Петричевиќ, менаџер во хотелската групација од Тиват, Црна Гора.

OhridNews