Денеска во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, се оддржа традиционална крводарителска акција, на која голем број студенти, средношколци, граѓани и членови на ЛК „Лихнидос“ од Охрид ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв.

Диел Аголи од Лајанс клубот „Лихнидос“ се заблагодари на хуманите луѓе, најавувајќи дека во периодот кој претстои охридските „лавови“ ќе поддржат вакви и слични акции.

Од минатата година се воспостави една хуманитарна приказна наречена „Декември – месец на отворено срце“, која што беше под покровителство на Лајанс клуб Лихнидос. На истата се одзваа голем број невладини организации, физички лица и компании. Така да, самиот клуб одлучи и оваа година да реализира активности во рамките на крводарителската акција која се спроведува од страна на Институтот за трансфузиона медецина.“ – вели Аголи.

Од општинскиот Црвен крст изразија благодарност до сите хумани луѓе кои ја поддржаа денешната крводарителска акција.

Традиционално и оваа година се оддржува крводарителска акција која спаѓа во редовните предвидени крводарителски акции за 2013-та година. Всушност оваа ни е последна ваква акција за оваа година, а задоволни сме од одзивот на средношколците и студентите од двата факултети. Голема благодараност од ЛК „Лихнидос“, кои и оваа година ни се приклучија во акцијата.“ – истакна Анета Вршкоска- Јованоска од општинскиот Црвен крст.

Инаку, денешната крводарителска акција ја организираат општинскиот Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина.

О.Т.