Членови од охридскиот Нуркачки клуб Амфора, викендов, нуркаа во Големото езеро на Пелистер, кое спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри.
- Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можеа да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува.За ова нуркање е потребен специфичен профил кој го изработи Јован Секулоски SSI AI Trainer, информираат од Амфора.
Во организација на Планинарскиот дом Димитар Илиевски-Мурато и Националниот парк Пелистер експедицијата се реализира успешно.
OhridNews




















