Хорската атракција од Белград, Вива Вокс, која молскавично го освои светот со неверојатните гласови кои експериментираат со различни музички жанрови и ги поместуваат границите на невозможното кога е во прашање човечкиот глас, денеска пристигнаа во Охрид.
Како што информираат од фестивалот, дел од членовите успеаја да најдат време за прошетка по охридската чаршија. Воодушевени од убавините на градот, ја слушнаа приказната за охридскиот бисер и надалеку познатата охридска пастрмка.
Се воодушевија и од прекрасниот простор во Предворјето на Света Софија и открија дека претходно слушнале за црквата која за уметниците преставува најдобрата сцена кога станува збор за акустиката на концертите. Дел пак од членовите на хорот денот го минаа на плажа.
Членовите на хорската атракција „Вива Вокс“ се прошетаа низ Охрид