Поголем број членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ Охрид се собраа пред општинскиот комитет на партијата, како што велат, поради сознанијата за „црни сценарија“ кои се подготвуваат во државата. Додаваат дека преку собирот сакаат да укажат дека сите присутни граѓани се подготвени во секој момент да застанат на браникот на својата татковина и да ги зачуваат своите национални интереси.

– Во секое време граѓаните на Охрид, нашите сограѓани се подготвени да се жив браник се со цел зачувување на националните интереси. Ние сме сведоци дека во последниот период пратеничката група на СДСМ многу лесно си поигрува со националните интереси, прифаќа некои тирански платформи кои не смее да се прифатени, бидејќи тоа го нарушува македонскиот интегритет, суверенитет и устав. Затоа ние ќе се обидеме и преку вакви спонтани собирања на граѓаните и членовите, но и преку она што претставува општо граѓанство бидејќи добредојдени се сите кои ќе стојат на браникот на државата, вели шефот на Центарот за комуникации при ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Митровиќ потенцира дека од нивна страна настаните постојано се следат и дека доколку е потребно во секој момент може да се мобилизира членството со цел да се покаже единство и дека се тука за бранење на националните интереси.

OhridNews