Во прометот во Република Македонија се наоѓаат чоколади од овие брендови увезени од Холандија, но, со различен производствен сериски број од небезбедната нотифицирана пратка.
Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со овој случај и подготвена е да реагира навремено доколку се јави потреба, со преземање на соодветни мерки.
– Како одговорна институција за безбедноста на храната апелираме граѓаните непотребно да не се вознемируваат и доведуваат во заблуда дека производите кои се продаваат на домашниот пазар се небезбедни и можат да го загрозат нивното здравје, велат од агенцијата.
Производителот на чоколатцата „Марс“ и „Сникерс“ ги повлече од продажната мрежа во Германија откако во нив беа пронајдени парчиња пластика. Исто така биле повлечени и чоколатцата Милки веј, Веј минис и Минијатурис, пренесе ББЦ. На повлечените производи рокот на траење им истекувал меѓу 19 јуни 2016 и 8 јануари 2017 година.
Некои производи на Марс се повлечени и во Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија. Американската компанија „Марс“ не наведе со колкава количина на чоколади има проблем.
OhridNews