Хрватскиот тинејџер Борна Чориќ со победата над Енди Мареј во 1/4 финалето го привлече вниманието, а хитот на турнирот во Дубаи го „спакува“ Рожер Федерер победувајќи го во два сетови.


– Уште на дуелот со Мареј паднав физичики и се мачев, но адреналинот ме водеше и ми даваше волја да играм. Овој пат бев многу уморен, но тоа никако не смее да биде никакво оправдување. Федерер потполно ме надигра и не му пружи ниту минимална прилика да се натпреварувам. – рече Чориќ.

Прилика за настап во елиминациската фаза хрватскиоте тенисер доби како „среќен губитник“ откако поради повреда се откажа Филип Колшрајбер.

– Само што се спакував да си одам од турнирот ми се пружи прилика да влезам во елиминациската фаза. Во првиот дуел бев близу пораз, но победив, а истото ми се случуваше и во вториот натпревар и тогаш успеав да победам. Потоа следуваше мечот на мојата кариерата се надевам до сега кога успеав да го победам Мареј. – додаде Чориќ.

Ohridnews