Во сабота во рамки на 12-то коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ќе играат дерби натпревар против Еурофарм Пелистер. Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.

Не очекува тежок натпревар против Еурофарм Пелистер во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера. Свесни сме дека не очекува голем предизвик и затоа мора да бидеме цврсти во одбраната, а во нападот да играме смирено и дисциплинирано. Верувам дека со максимална борбеност, концентрација и тимска игра можеме да стигнеме до нови бодови, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски.

Од ГРК Охрид информираат дека секој што сака може да подигне билет утре, четврток, во салата „Билјанини извори“ во период од 18:00 до 19:30 часот. Клубот обезбеди 250 карти за своите фанови, а истите ќе бидат распределени на принцип прв дојден – прв услужен.

Напоменуваат дека сите навивачи на ГРК Охрид, вклучувајќи ја и навивачката група „Рибари“ ќе бидат сместени на исто место во салата „Боро Чурлевски“.

OhridNews