Човечка грешка и техничка неисправност довело до инцидентот на авионот на „Ер Франс“ до Рио Де Женеиро до Париз, кој се урна во Атланскиот океан во 2009 година, при што загинаа 228 луѓе.
Ова е наведено во конечниот извештај за катастрофата, изготвен од Француската воздухопловна агенција, јави агенцијата Франс прес, пренесува „Макфакс“.
Во извештајот се содржани 25 нови препораки за безбедност. Според агенцијата, драмата започнала со расипувањето на сензорите за брзина, произведени од француската компанија „Талес“, кои подоцна се сменети на сите авиони „Ербас“.
Се потенцира дека екипажот  целосно изгубил контрола над ситуацијата. Во извештајот се подвлекува важноста на подготовките на пилотите, за да можат тие подобро да ги познаваат системите на авионите, доколку се најдат во несакана ситуација.
OhridNews
извор:„Макфакс“