Во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се прикажува претставата „Човекот перница” од ирскиот  драматург Мартин Мек Донах,  во режија на Јавор Грдев, а во изведба на Театар 199 – Софија- Бугарија.

Како трилер во духот на Кафка, Браќата Грим и Дејвид Линч истовремено, претставата  изобилува со црн хумор. Животот на ликовите е опфатен во серија на криви огледала ( како нејасна граница меѓу реалноста и фикцијата ) и го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет.

 Улогите ги толкуваат:  Пенко Господинов,  Михаил Мутафов, Стојан Радев, Никола Мутафов, Јован-Мика Димитров.

OhridNews