Научниците открија нова теорија за потеклото на човекот, според која луѓето настанале од праисториските ајкули, коишто живееле на Земјата пред околу 300 милиони години, пренесува „Макфакс“.

Ајкулата се нарекува Ацантходес бронни и им дала живот на ‘рбетните организми на планетата.

Истражувачите ги направиле овие наоди врз основа на анализа на фосилни материи кои се наоѓаат во Европа, Северна Америка и Австралија. Ајкулата имала шкрги, но немала заби, големи очи и се хранела со планктони.

Еден од истражувачите професор Мајкл Коутс од Универзитетот во Чикаго, смета дека откритието е од суштинско значење за науката.

“Ќе продолжиме да го разгледуваме овој фосил, бидејќи тоа е многу важен извор на анатомски информации”, објасни тој.

OhridNews
извор:„Макфакс“