Доколку сака да преживее, човекот треба да ги почитува законите на природата, вели екологистот Лазо Наумоски.

Во своето обраќање по повод 5-ти Јуни, Светскиот ден на животната средина, Наумоски предупредува на лошиот однос на човекот кон животната средина, уништувањето на природните ресурси и загадувањето.

-Човекот со индустристрискиот развој го зголеми негхативното влијание врз животната средина до несогледливи размери. Загадени се слатководните и солените екосистеми (езера, реки, мориња и океани), уништена е нивната флора и фауна, загаден е воздухот со отровни гасови, чад и прашина што ги
апсорбираат сончевите зраци кои не стигнуваат на земјата, паѓаат кисели дождови што загадуваат и ги уништуваат шумските зелени појаси, озонската обвивка се намалува, што ќе предизвика забрзување на климатските промени, вели Наумоски.

Според него, доколку продолжи со вакво однесување, човекот ќе се соочи со суров одговор од природата.

OhridNews