Jazz Inn

Од 12.04.2019 - 22:00 до 13.04.2019 - 01:00

Џез Ин во годината во која слави триесет години постоење организира концерт на Christina Diaz Trio, во петок, 12-ти април, со почеток 22:00 часот.

Christina Diaz е Латино-американска пијанистка, иако по потекло од Бразил и Венецуела, пораснала во Доминиканска Република, каде што ја започнува музичката кариера со класично пијано.

Откривајќи ја пасијата кон џезот, се сели во Порторико, каде студира џез и латино музика на Музичкиот Конзерваториум. Во четирите години поминати на конзерваториумот успева да се сретне и соработува со големи музички имиња како Eddie Gomez, Miguel Zenon, David Sanchez.

По завршувањето на студиите се сели во Европа. Моментално живее во Париз каде се одлучува да започне нов музички проект по запознавањето на францускиот басист Marius Gerin и тапанарот со француско и египетско потекло Helios Mikhaïl.

Нејзиниот стил е фузија на многу влијанија, како класична, џез и латинска музика. Нејзините композиции се мешавина од овие различни стилови и елементи. Музиката што ја свират е рефлексија на тоа кои се и приказна за нивните искуства. Сите три члена имаат посветеност, љубов и страст кон музиката.

Карти во ограничен број по цена од 300 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ или со резервација на телефонскиот број 078 201 491.

OhridNews