Водечката екипа на табелата во Ла лига, Реал Мадрид направи крупен чекор кон титулата во националниот шампион откако обезбеди два бодови предност во однос на Барселона. „Кралевите“ на гостувањето кај Еспањол триумфираа со 1-0 додека Барселона во саботата ремизираше со Селта Виго 2-2. Избраниците на Зинедин Зидан до крајот на првенството имаа право на едно реми бидејќи имаат подобар скор во дуелот со Барселона.

Италијанскиот калчолигаш Интер на чудесен начин во самиот финиш од натпревар со Парма успеа да постигне два погодоци и негативата да ја претвори во триумф од 2-1. „Млекарите“ поведоа со голот на Жервињо во 15-та минута и водството го чуваа до 84-та минута кога Де Вриј изедначи на 1-1. Во 87-та минута Бастони реализираше за комплетен пресврт.

Во дербито на колото Милан со 2-0 ја совлада Рома и се доближи до местата на табелата кои во водат во Европа. „Росонерите“ головите за победа ги постигна во последните 15-тина минути од мечот. Ребиќ го отвори резултатот во 76-та минута а победата ја запечати Чаланоглу од белата точка  во 87-та минута.

OhridNews