Одлуката на португалскиот стручњак Жозе Мурињо да го изостави од првиот состав голманот Икер Касиљас за мечот со Малага, фудбалската јавност ја прифати со шок и неверување. Последен пат кога Касиљас бил подготвен, а не бранел било во далечната 2002 година на натпреварот со Депортиво Ла Коруња.


Касиљас не само што беше долгогодишен прв избор на голманската позиција во кралскиот клуб, кај многу тренери кои продефилираа во Реал, тој е и капитен на екипата,  затоа одлуката на Мурињо во голема мера може да се окарактеризира како чудна.

Португалецот важи за тренер кој сака да ги држи конците во свои раце во екипата. Тоа во соблекувалната на Реал Мадрид не му оди така најдобро како што беше случај во Интер, Челси и Порто.

Помеѓу стативите на натпреварот со Малага, кој “лос бланско“ го загубија со 3-2 застана Адан Гаридо. Тој немаше некоја поголема вина за поразот, но сепак фактот дека на голот го нема незаменливиот Икер Касиљас им ја олесни задачата на фудбалерите од Малага.

Дека одлуката може да биде тактичка зборува фактот, оти Касиљас во дресот на Реал Мадрид дебитираше со неполни 20 години. На еден натпревар се повреди “незаменлвиот“ Цезар, на негово место влезе Касиљас и оттогаш наваму се останато е историја. . .

Мх.П.