Норвежанецот Елинг Холанд во победата на Салзбург над Генк 6-2 постигна три погодоци уште во првото полувреме и си обезбеди место во историјата на Лигата на Шампиони.

19-годишниот член на австрискиот шампион стана првиот фудбалер кој постигнал хет трик во едно полувреме., нешто што не му успеало на водечкиот стрелец Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Во низата рекорди Холанд се изедначи со Вејн Руни, кој во 2004 година на дебито за Манчестер Јунајтед постигна три погодоци во триумфот над Фенербахче.

Холанд, голгетерски е расположен од почетокот на сезоната во австриската Бундес лига. Тој вниманието на светската јавност го привлече со деветте постигнати погодоци во триумфот на младата норвешка селекција против Хондурас летово а со хет трикот во ЛШ покажа дека дефинитивно се работи за напаѓач со огромен потенцијал.

OhridNews