Безбедносната ситуација на подрачјето под надлежност на СВР Охрид, е стабилна, оцени техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, по средбата со раководството на секторот. Таа била искористена да даде насоки за зајакнување на активностите во насока на поволен безaбедносен амбиент во услови на, како што рече, „очигледна поларизираност во општеството“.
Минатата година забележан е зголемен број откриени кривични и прекршочни дела во СВР Охрид, но и зголемена реализација, односно расветлени случаи од 25 на 35 проценти. – информираше Чулев.
Тој дал насоки да се посвети повеќе внимание на проблемот со дрвократството и нелегалната експлоатација на шумите во рамки на акцијата „Гора“, како и да се засилат контролите на Охридското Езеро, во услови кога тоа нема концесионер.

Според мене, а верувам ќе се сложат и експертите од правниот факултет, одлуката на Владата е незаконска и спротивна на Уставот. Неприкосновено право на министерот е да донесува решенија, да врши прераспоредување, конкретно министерот раководи со Министерството. Владата не може да колективно да укинува поединечни правни акти, во случајот решенија. До сите организациски единици на МВР испратив телеграма во која укажувам вработените да продолжат да ги извршуваат зададените задачи, да го почитуваат принципот на хиерархија и принципот на законитост. – истакна Чулев.

Г.М.











