Победата на Македонија (3-0) над Белорусија вечно ќе ја памети Дарко Чурлинов кој со 16 години и 8 месеци стана најмлад фудбалер кој го облекол националниот дрес.
После натпреварот на кој имаше шанса и да погоди Чурлинов не го криеше задоволството од можноста да заигра покрај своите идоли.
– Ме изненади повикот од селекторот Ангеловски, но пресреќен сум што играв покрај моите идоли Горан Пандев и Илија Несторовски. Многу му се восхитувам на двајцата и ми беше огромна чест да играм со нив заедно во иста екипа. Жалам што при првиот допир со топката не постигнав гол, но верувам дека ова е само почеток на една добра моја репрезентативна кариера. – изјави после мечот Чурлинов.
Приматот членот на репрезентацијата до 18 години го презеде од Тауљант Сулејмани кој дебитираше со 17 години и 6 месеци.
Тргна возот на А селекцијата: Белорусија лесно и убедливо совладана на „Телеком Арената“ (видео)
Фото: Екипа.мк
OhridNews