
Од НП Галичица ги потсетуваат сите граѓани кои живеат и престојуваат на територијата на паркот, дека поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.
-Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе превземе мерки согласно законот, предупредуваат од НП Галичица.











