Грчкиот тенисер Стефанос Цицапас е првиот финалист на завршниот турнир од Мастерс турнирите кој се одржува во Лондон. Циципас во полуфиналнта пресметка го совлада Рожер Федерер во два сетови (6-3, 6-4) и се пласираше во финалето.

Шестиот тенисер на АТП листата одлично го започна мечот и на двата освоени гемови на свој сервис додаде брејк за водство 3-0. До крајот Циципас ја задржа предноста и поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот сет се играше далеку поизедначено. Циципас подобро се снајде во освојувањето на гемови на противнички сервис и поведе со 3-2. Следниот гем го доби за 4-2 и позитивата ја преточи во конечен триумф.

Гркот во финалето ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален дуел во кој силите ќе ги одмерат Доминик Тим и Александар Ѕверев.

OhridNews