Шпанците Андрес Иниеста, Чави Ернандес и Давид Вилја, Холанѓаните Арјен Робен и Весли Снајдер, Германците Месут Езил и Бастијан Швајнштајгер, Уругваецот Диего Форлан, Аргентинецот Лионел Меси и Ганецот Асамоа Гиан се десетте кандидати за наградата најдобар играч на Светското првенство во Јужна Африка.


ФИФА ја објави листата на номинираните за играч на првенството. На претходните три СП, за најдобар играч беше прогласуван фудбалер од репрезентацијата која губеше во финалето.

Досега ова признание го добивале Зидан (2006), Кан (2002), Роналду (1998), Ромариу (1994), Скилачи (1990), Марадона (1986) и Роси (1982).

Кандидати за најдобар млад играч на првенството се Томаш Милер од Германија, Андре Ају од Гана и Џовани Дош Сантош од Мексико. Условот за номинација во оваа категорија е да се биде роден по јануари 1989 година.