Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за неговател/ка на стари лица и лица со попреченост.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со меѓународно признат сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека сите заинтересирани лица од Oпштина Охрид кои сакат да ја следат обуката можат да се пријават на овој конкурс во периодот од 24.01. до 04.02.2022 годинa.

OhridNews