Од денес до 15 јуни 2022 трае повикот за кандидати за обука за спасители на отворени води. Обуката која е во рамките на подготовките за претстојната летна сезона ја организира Црвен крст Охрид, а ќе се реализира во втората половина на месец јуни 2022 г.
Обуката која ќе се изведува на Охридското Eзеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ), информираат од Црвен крст Охрид.
Заинтересираните кандидати треба да се на возраст од 18-35 години (да достават соодветен доказ-лична карта, извод на родени), да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт, како и да достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар / здравствена установа.
За сите кандидати кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода Црвен крст Охрид ќе обезбеди платен работен ангажман на капалиштата на Охридското Езеро, велат од организацијата.
Кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов 52, Охрид, секој работен ден од 9-15 ч., на телефоните 046261909 и 070315309 или со пополнување на електронската пријава на линкот
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSds7dg44K1xj6_W7GlxMYnKIStb6S3bYvVjT2bkePsvjTpsZg/viewform
OhridNews












