Екипите на Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб остварија фантастичен успех пласирајќи се во групната фаза од Лигата на Шампиони. Место во фудбалска елита на стариот континент „црвено белите“ и „модрите“ обезбедија после елиминацијата на Јанг Бојс односно Розенборг.

Српскиот шампион подобар од Јанг Бојс беше поради правилото гол во гости. Првиот меч во Швајцарија заврши 2-2, а реваншот во Белград 1-1. Хрватскиот првак на гостувањето кај Розенборг ремизираше 1-1 и ја задржа предноста 2-0 од првиот натпревар.

На Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб им се придружи Олимпијакос, кој го декласираше Краснодар со вкупен резултат 6-1.

OhridNews