Првакот од Србија, Црвена Ѕвезда обезбеди пласман во третата квалификациска фаза за пласман во Лигата на Шампиони и покрај поразот 2-1 во реванш натпреваро со Хелсинки. „Црвено белите“ на домашен терен славеа со 2-0 и со вкупен резултат (3-2) поминаа понатаму.

Првото полувреме мина без голови, а за погодок на домаќините во вториот дел им беше потребна само минута. Во 46-та минута погодија за 1-0 и надополнија половина од негативата во Белград. Погодокот на Хелсинки не донесе немир во составот на Црвена Ѕвезда и после десет минути игра изедначија преку Душан Јовановиќ. Тој резултат беше активен до 90-та минута кога домаќините со вториот погодок на мечот обезбедија победа но безначајна затоа што „црвено белите“ имаа стекнато капитална предност со победата на домашен терен и голот во гости.

Во третата фаза воедно и последна од квалификациите за пласман во ЛШ, српскиот шампион силите ќе ги одмери со данскиот шампион Копенхаген, кој ќе го елиминира велшкиот преставник ТНС. Данците на гостински терен победија со 2-0 а после 45 минути игра пред своите гледачи резултатот е 0-0.

OhridNews