Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ги рестартираа тренизите, откако клубовите добија зелено светло од англиските власти за започнување на активности во мали групи и под  посебни мерки.

Гладта за трениниг кај „црвените ѓаволи“ очигледно била голема бидејќи фудбалерите забележале импресивни перформанси. На првиот тренинг, фудбалерите биле тестирани индивидуално за брзина и издржливост.

На спринт тренинзите најдобар бил Даниел Џејмс, кој развил брзина од 36.8 километри на час. Втор во спринтовите бил Џеси Лингард, а потоа се издвоиле Бруно Фернандеш и Аксел Туанзебе.

Планот на раководството од Премиер лигата е сезоната да продолжи на 12 јуни, но се зависи од состојбата со вирусот Ковид -19,  која од ден на ден се менува.

OhridNews