Поради голем интерес, големиот музички спектакл „Враќање во минатото“, утревечер (петок), повторно ќе биде изведен во Cuba Libre beach & bar. Овојпат забавата ќе биде само музичка, а за неа ќе се погрижи Petar Markoski Quartet.
На евергрин вечерта, чиј медиумски покровител е OhridNews, ќе бидат исполнети музички хитови изведени во периодот од 1950 – 1980 година. На репертоарот ќе се најдат безвременските хитови отпеани од Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin и други, и секако најголемите македонски евергрини на Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова и многу други.
Петар Маркоски Quartet го сочинуваат Петар Маркоски – вокал, Проф. Емилија Маринова – пиано, Филип Стојковски ( Зизи ) – тапани и Илија Волкан – бас гитара.
Гостите кои ќе присуствуваат на овој исклучителен културен настан треба да испочитуваат „dress code“, односно да се појават во елегантно издание
OhridNews












