“Cuba Libre”, еден од најпрепознатливите угостителски брендови во Охрид, полни 18 години.

Успешната приказна “Cuba Libre” ја започна како мал ноќен клуб во стариот дел на Охрид во 2000 година. Во 2008 година со работа започна плажата “Cuba Libre” oд кога е и омилено место за излегување на охриѓани и туристите. Дел од успешниот угостителски бренд “Cuba Libre” се и ноќниот клуб “Havana” во центарот на Охрид и ресторанот „Дрим“ во Свети Наум. 

Осумнаесеттиот роденден “Cuba Libre”ќе го одбележи со забава утре вечер, 14.06.2018, на која ќе настапи култниот латино бенд “Cubalcanica”.

OhridNews