Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, извести дека утрово од Полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил срцев удар, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб,. Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица Стрезимир, поради тоа што во таа таа област немало телефонско мрежно покривање.

Планината Кораб – Извор Гугл

Покрената е спасителна акција. Но, за жал и од спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат,  информира ЦУК.

Блиску до местото на настанот пристигнало возило со двајца полицајци. Потоа, полицајците и групата планинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнат со возилото на Брзата помош. Во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар чија екипа со возило го пресретнала полициското возило. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош констатирано е дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. – стои во соопштението.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител.

OhridNews