Од 01 јули се воведува целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални шуми

Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор и ќе трае до 31. 08. 2025 година, соопшти ЈП Национални шуми.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за: Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми – Скопје.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение.

Спроведување на забраната ќе го контролираат вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

Г.М.