Целосно е реконструиран затворениот базен во Струга, кој децении беше руина, за што беа инвестирани околу 99 милиони денари преку Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на Агенцијата, Наумче Мојсоски, информира дека во петок ќе биде направено примопредавање од страна на изведувачот, а до крајот на месецот и официјално ќе биде ставен во употреба. Според него, базенот беше целосно реконструиран, речиси до темели, а покрај големиот, дограден е и мал базен.
Направен е голем, олимписки базен, кој ги исполнува сите стандарди за меѓународни натпревари за пливање и ватерполо, а дограден е и мал базен, истакна Мојсоски.
Тој посочи дека целосно е заменета електричната инсталација и водоводната мрежа, направени се нови помошни простории, соблекувални, санитарни јазли, туш кабини….
Затворениот базен во Струга 20-тина години беше надвор од употреба, оставен на забот на времето, уриниран и уништен од несовесни граѓани. Сега, како што велат граѓаните, се исполнил сонот на стружани и аманетот од повозрасните генерации. За базенот ќе се грижи ЕСМ, во чија сопственост е предаден.
Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на Tino’s Bowling – новата забавно-рекреативна приказна во Охрид, исполнета со музика, пози...
Реализацијата на буџетот за третиот квартал предизвика бурна расправа меѓу советниците на одржаната 18-та седница на Советот Дел од советниците ја потенцираа слабата реализација на проектите финанс...
Oпштина Охрид распишува конкурси за доделување повелби и општинската награда – Патрон на градот „Св Климент Охридски“ По повод 8 Декември, „Св Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници...