Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува неколкуте настани планирани за оваа недела, информираат од Установата.
Во мое име и во име на сите вработени во нашата установа изразувам длабоко сочувство до семејствата кои се борат со загубата на своите најблиски во пожарот во Кочани, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, изјави Христина Трпеска, директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

OhridNews













