Центарот за јавно здравје Охрид во пресрет на матурските прослави со препораки за подготвување и послужување на храната.
Топлото време и несоодветното складирање, приготвување и послужување на прехрамбените производи го зголемува ризикот од расипување на храната што може да биде причина за појава на здравствени тегоби (труење со храна) на оние кои ја конзумираат таа храна, велат од Центарот.
Од тие причини апелираме до домаќинките, угостителите при приготвување, чување и послужување на храната да ги земат во предвид следните препораки: намирниците да се набавуваат од сигурни и проверени добавувачи, намирниците и приготвената храна да се чуваат и складираат во покриена амбалажа, на соодветна температурата, во разладни уреди, согласно декларацијата на производот, при приготвување на храната да се користи посебен прибор за сирова храна и посебен за термички обработена храна, а доколку се користи истиот прибор тој претходно треба да биде добро исчистен (дезинфициран), велат.
На трпезата, додаваат, да се изнесуваат-послужуваат помали количини на лесно расипливи производи (салати, месни преработки, млечни производи и сл.) и истите да не бидат изложени на собна температура повеќе од 60 минути (по потреба да се дополнуваат со нови количини).
OhridNews












