По повод празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител утре, 11 септември, во селото Слатино ќе се одржи голем црковно-народен собир.

По богослужбата во 10:30 часот, напладне во истоимената црква, ќе следи заеднички бесплатен ручек за сите гости и верници присутни на собирот.

Празникот ќе биде одбележан и со заедничка веселба на која ќе настапи познатиот пеачот Мирослав Мирчески.

OhridNews