Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време.

Нишиќ рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда им е нанесена на пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји и дека околу 3.500 пензионери од земјите од поранешна Југославија добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот.
OhridNews











