Во рамки на својата меѓународна соработка Црвен крст Охрид започнува твининг програма за соработка со Црвен крст на Моор ог Ромсдал од Норвешка.
Црвен крст Охрид викендов е домаќин на осумчлена висока делегација од Црвен крст Моoр ог Ромсдал, Норвешка при што е планирано да се прецизираат и разработат конкретни заеднички активности во рамки на твининг програмата за соработка, информираат.
Воедно посочуваат дека Меморандумот за соработка ќе биде потпишан утре во просториите на Црвен крст Охрид од страна на претседателот на Црвен крст Моор ог Ромсдал Ојштајн Валде и претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точков.
OhridNews












