Девет пожари на отворен простор се активни од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола, велат, се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

Активни се пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу селата Црешнево и Локвица, ниска вегетација од пожар проширен од фабрика „Самоков“ во село Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Во општина Чашка, под Солунска Глава, кај местото викано Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.

Локализиран е пожарот во Кочани, место викано Бабиште, помеѓу селата Јастребник и Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Од ЦУК посочуваат дека под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница, село – Драгобраште во Крива Паланка -село Градец и село Лозаково и во Желино – село Ларце.

Изгаснати се пожарите во Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево, Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2), Велес (5), Кавадарци, Росоман, Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2), Радовиш, Ново Село, Дојран, Свети Николе (3), како и во Желино (2), Теарце, Гостивар и Јегуновце.

OhridNews