Центарот за управување со кризи врши тестирање на системот на известување во рамки на кое граѓаните добиваат СМС порака со содржина дека е прогласена кризна состојба на цела територија на државата со цел справување со пожарите.
Инаку, заклучно со вчерашниот ден, на територијата на државата регистрирани биле купно 10 пожари на отворен простор, ниту еден во Охридско-струшкиот регион.
Под влијание на многу топла воздушна маса, во Македонија во наредните десет дена ќе преовладува сончево и многу топло време со умерен ветер и температури кои на места ќе достигнат до 40 степени.
Покрај тестирањето на системот за известување преку кој во случај на пожар ќе бидат предупредувани граѓаните, се мобилираат и доброволци за гасење пожари за кои во тек е еднонеделна обука. Во Охрид пријавени се 12 доброволци, а вкупно 364 во целата држава. Тие ќе добијат надомест од државата во висина од 24 000 денари.
Г.М.