Во просториите на Црвениот крст Охрид се одржа едукативна работилница насловена како „Справување со зависности“, во рамките здравствено-превентивни активности на ЦК Охрид и Македонската Мисија за Хуманост од Стимбот Спрингс, САД.

Пред големиот број присутни, говореа д-р Даун Обрехт, професор на Универзитетот во Колорадо, САД и експерт на полето на зависности, како и советувачот Ерик Ландвик.

Преку различни животни приказни и искуства, тие се осврнаа на начинот на справување и опоравување од најразличните видови зависноти меѓу кои дрога, алкохол, коцкање, секс, опседнатост со партнерот во врската, купување, пореметување во исхраната, како и зависност од одредена супстанца.

Присутните имаа можност да слушнат, поставуваат прашања и разговараат за постоечкиот проблем не само од професионален аспект, туку повеќе и од животното искуство и животните приказни и искуства на самите предавачи. Кога станува збор за појава на зависност и проблем во исто време со сите искушенија и предизвици кои ни стојат на располагање, злоупотреба на алкохол и дрога, проблем со коцка, опседнатост во врска, секс и порнографија, потоа шопинг, нарушувања во исхрана, цигари, останати супстанции итн.“ – велат од Црвениот крст Охрид.

Како што беше нагласно на работилницата, признавањето за постоење на проблемот со зависноста е првиот чекор во процесот на закрепнување.

Постојат алатки, знаење и експертиза, односно вештини, кои пред се помагаат да се утврди постоењето на реалниот проблем и во исто време помагаат во постојаната решеност да се води здрав животен стил, со здрав ум, тело и дух.“ – беше нагласено од двајцата предавачи на работилницата.

Од Црвениот крст Охрид информираат дека постојано се вложува и развива во полето на здравствено превентивната и социјално хуманитарната дејност, а во таа насока во скоро време со работа ќе почнат групи за самопомош и поддршка на лица со алкохолна зависност.

 

На крајот од настанот, д-р Даун Обрехт донираше свои три книги, литература богата со корисни информации која детално ја обработува токму оваа проблематика.

OhridNews