„Македонскиот јазик ми е полесен од сите словенски и балкански јазици затоа што ја сакам Македонија“. Ова е само еден од одговорите што професор Виктор Фридман од Универзитетот „Чикаго“ го даде на бројните прашања во мошне содржајниот разговор кој го водеше вчера на пладне при средбата со охриѓани во големата сала на општинската зграда, пренесува општинската прес служба.
Професор Фридман е докажан афирматор на македонската јазична и национална посебност во научните кругови ширум светот, познат и признат славист и македонист, кој од 1971 година го проучува македонскиот јазик. Има докторирано на тема за македонскиот глагол и е редовен учесник на Семинарот за македонски јазик, литература и култура што секоја година, 42 години по ред се одржува во Охрид. Професор Фридман беше на средба со охриѓани во рамките на одбележувањето на Годината на македонскиот јазик што го организираше Општината.
По воведните напомени што за гостинот ги даде проф. д-р Вера Стојческа Антиќ, проф. Фридман одржа предавање за содржината на еден стар ракопис од познатиот научен и творец, знаменит за македонската книжевна историја, Ѓорѓија Пулески.
За илустрација на неговата вљубеност во Македонија и реален почитувач на македонската особеност, осврнувајки се на едно прашње за актуелното непризнавање од Грција, проф. Фридман рече: Па, доколку се лутат Грците, тогаш јужниот дел од Македонија кој сега припаѓа на Грција, нека го наречат Јужна Македонија. А оваа Македонија е доволно позната и призната во светот, пренесува општинскиот веб портал.
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид, под мотото „ЗДРАВ ЖИВОТ, ЗДРАВО СРЦЕ“ о...
На 20022026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“ сторено од наставник во основно училиште во село...
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.