Специјалистот по интерна медицина д-р Константин Георгиески ќе биде носител на кандидатската листа на советници на СДСМ во Охрид на претстојните локални избори, неофицијално дознава OhridNews.

На се уште официјално непотврдената кандидатска листа фигурираат уште имињата на Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска, претставник на Сојузот на еѓипќани, Џенгиз Реџеп, Марија Попоска, претставник на ВМРО НП, претставник на ЛДП…

Локалните избори ќе се одржат на 15-ти октомври.

OhridNews