Д-р Орхидеја Тасевска повторно е избрана за директорка на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, потврди таа за Охридњуз. Со изборот ќе продолжи да раководи со институцијата и во наредниот мандат од 4 години.
Во изминатиот период продолживме со значајни научноистражувачки активности, особено поврзани со Охридското и Преспанското Езеро, како и со национални и меѓународни проекти и научни соработки. Ќе продолжиме со започнатите активности и со заложбите за натамошен развој на научноистражувачката и стручната дејност на Заводот“, изјави Тасевска за Охридњуз.
Тасевска е дел од Хидробиолошкиот завод од 1998 година. Во декември 2021 година Советот на Заводот ја избра за директорка со четиригодишен мандат, а истиот орган и изрази доверба да ја води научната установа и во наредните четири години.
Г.М.











